Osnovni karakteristiki na ustavot na republika Makedonija od 1991 godina (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19

В О В Е Д
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД 1991 ГОДИНА
КОНЦЕПЦИЈАТА НА УСТАВОТ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАОД 1991 ГОДИНА
а)
Новиот Устав на Република Македонија претставува наполно самостоен уставен акт кој, според својата концепција и основни карак-теристики, воведува нов уставен поредок во Република Македонија. Тој ја изразува визијата и потребата на една современа држава и општество, засновани на сувереноста и правата на граѓаните, модерно организираната држава и начелото на поделбата на власта.
На урнатините на еден дисфункционален уставен систем кој во текот на 45-годишното постоење беше граден врз определени идеолошки вредности, како што се: социјалистичкото самоуправно општество, опште ствената сопственост, еднопартискиот систем, владеењето на работничката класа, привидниот федерализам врз основите на конфе-дералниот модел на државата, собранискиот систем и сл., на 17 ноември 1991 година е донесен Уставот на Република Македонија, кој во многу елементи претставува пресвртница во развитокот на уставноста на македонскиот народ и држава. На овој Устав му претходеше Декларација за суверена и самостојна држава Македонија, донесена од Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 год. во која на експлицитен начин се декларира дека Траѓаните на Република Македонија на демократски начин испишаа нова страница во македонска историја за заокружување на самостојноста и сувереноста на Република Македонија како држава". Таа своја недвосмислено изразена волја маке-донскиот народ и сите граѓани на Република Македонија ја потврдија многу јасно на референдумот одржан на 8 септември 1991 година со што, на една плебисцитарна основа, беше изразено барањето Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава.
Новиот устав е донесен во услови на длабока криза на општествениот систем која се изразуваше во сите области - во стопан-ството, политиката, социјалните и национапните односи, идеолошката сфера. Кризата која го зафати нашето општество беше и дел од кризата на сите земји на социјализмот. Основната причина и генератор на кризата лежи во самата срцевина на системотна социјализмот. Тоа е монополот на центрапизираната и строго хиерархиски организирана партија над концентрираната политичка сила (таканаречената диктатура на пролетаријатот) и располагањето и управувањето со стопанство (државната сопственост и државното планирање)
Тој систем воспоставен со сила и потпирајќи се на силата, ја гушеше и оневозможуваше творечката потеиција и иницијатива на единката и нејзините заедници и со тоа го лиши општеството од движечката сила на развитокот на сите подрачја од општествениот живот. Истовремено, во условите на се поевидентно распаѓање и непочитување на сојузниот уставен и правен систем и осамостоениот уставно-правен развиток во одделни републики, политичките, економските, социјалните и други причини ја наложија потребата од што поитно воспоставување на државноста на Република Македонија, со потполно раскинување со претходната уставност заради влегување на вака оформената и на демократски основи заснованата држава во семејството на земјите во светот со демократска тради-ционална уставност.
б)
Во досегашната историја на идејно-теориската и класната концепција цепција на уставноста можеме да утврдиме две фази.
... 

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!